ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика во Кочани

Од 27 до 29 ноември 2026 година, во Мултикултурниот центар во Кочани, ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, организира тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика. Настанот има за цел да го доближи чембалото, како инструмент со специфичен звук, богата историја и значајно место во европската музичка […]

По средбата со градоначалникот Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претставници од Здружението 16 март – Кочани денеска остварија средба на која разговараа за организирањето на претстојните новогодишни и божиќни празници. – Целта на оваа средба е да ги усогласиме ставовите и да внесеме хармонија во одбележувањето на претстојните празници. Сакаме Кочани достоинствено, со почит кон болката на […]

Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Градоначалникот на Општина Кочани Влатко Грозданов одржа работна средба со претставници на Скопска пивара и Супорт Кочани, на која се разговараше за претстојната реконструкција на кошаркарското и на фудбалското игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Планираните активности опфаќаат обновување на оградата – заштитната мрежа и постојната метална конструкција, монтажа на нови голови и рефлектори, […]

Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина

Денеска во Кочани, Амбасадата на Кралството Холандија, во соработка со Општина Кочани, го одбележа Денот на претприемачот преку симболична зелена акција и работна средба посветена на локалниот развој и соработката. Активностите започнаа во Паркот на Револуцијата во Кочани, каде што беа засадени илјада лалиња. Во садењето учествуваа амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел и градоначалникот […]

Oбука за деловен интегритет: Зајакнување на антикорупциските капацитети на малите и на средните претпријатија

На 19 ноември во Кочани се одржа специјализирана обука за деловен интегритет под наслов „Воведување на деловен интегритет: Корупциски ризици, антикорупциски службеник и етичка рамка“. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Business with Integrity“ и 3C Consulting, со кофинансирање од Европската Унија и Фондацијата Конрад Аденауер. Обуката е наменета за претставниците на малите и […]

По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов изврши увид во градежните активности на Домот за стари лица, каде што констатира засилени градежни активности. – Факт е дека изгубивме драгоцено време во летниот период, но не поради нас, туку поради застарениот проект и поради недостатоците кои беа детектирани во самиот проект. Всушност самиот објект беше поставен хоризонтално, […]

Професионални дишни апарати за пожарникарите од Кочани – донација од „Амфенол“

Територијалната противпожарна единица – Кочани прими донација од компанијата „Амфенол“ – четири најсовремени апарати со компримиран воздух, специјално дизајнирани за гасење  пожари во индустриски и во најтешки услови. Донираната опрема, во износ од 10 илјади евра, ги исполнува највисоките европски и светски безбедносни стандарди, изработена е од огноотпорни материјали, а боците работат под висок притисок […]

На 3 јануари 2027 година во Кочани – Новогодишно-божиќна трка

На 3 јануари 2027 година, со почеток во 17 ч. во Кочани ќе се одржи градска Новогодишно-божиќна трка. Организатор на настанот е  Freedom run со поддршка од Општина Кочани. Турата дополнително ќе биде објавена, а заинтерeсираните можат да се пријавуваат на  www.freedomrun.race.mk

Превентивна сообраќајна активност за зимската сезона

На 15 ноември 2026 г., во централното градско подрачје на Кочани, на експресниот и на магистралниот пат, во превентивна активност на Општина Кочани, ОСБСП Кочани и ПС Кочани, возачите беа потсетувани дека започнува законската обврска за поседување и користење зимска опрема во возилата. На учесниците во сообраќајот им беше посочено да го подготват возилото навреме […]

Саботна акција за крпење на улиците во Кочани

На 14 ноември, на повеќе улици во Кочани се изврши санација на ударните дупки со топла асфалтна маса. Работите ги изведе фирмата „Стоименов“, со цел да се подобрат условите за движење и зголемување на безбедноста во сообраќајот. По препорака на градоначалникот Владко Грозданов, активностите се изведуваат во сабота, кога сообраќајот е со помал интензитет, за […]