На 15 ноември 2026 г., во централното градско подрачје на Кочани, на експресниот и на магистралниот пат, во превентивна активност на Општина Кочани, ОСБСП Кочани и ПС Кочани, возачите беа потсетувани дека започнува законската обврска за поседување и користење зимска опрема во возилата.
На учесниците во сообраќајот им беше посочено да го подготват возилото навреме со соодветни зимски пневматици, да носат синџири за снег и да ги користат кога условите на патот го бараат тоа; во услови на магла да се одржува безбедно растојание и да се користат светла според условите на патот, а брзината на движењето да се приспособи според условите на патот.
Во акцијата беше нагласено дека безбедното патување започнува со добро подготвено возило и да се вози одговорно, зашто секој живот е важен.