ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

По средбата со градоначалникот Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!

По средбата со градоначалникот Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претставници од Здружението 16 март – Кочани денеска остварија средба на која разговараа за организирањето на претстојните новогодишни и божиќни празници.

– Целта на оваа средба е да ги усогласиме ставовите и да внесеме хармонија во одбележувањето на претстојните празници. Сакаме Кочани достоинствено, со почит кон болката на семејствата, но и со внимание кон потребите и чувствата на сите граѓани, да ги одбележи новогодишните и божиќните празници. Празничната радост не треба да ја негира тагата, туку да биде порака дека животот продолжува, дека сме заедно и дека Кочани треба да остане град на животот, надежта и човечноста – истакна градоначалникот Грозданов, барајќи да го слушне и мислењето на родителите.

– Како семејства најтешко погодени од трагедијата, градоначалникот сметаше дека е важно да го слушне и да го почитува нашето мислење, за што му благодариме. Нашиот став како родители на трагично загинатите деца е јасен. Како што Кочани се украсуваше и се организираа новогодишни и божиќни прослави во годините пред трагедијата, така нека биде и оваа година. Градот нека биде украсен, нека има музика, радост и празнична атмосфера, како што доликува. Нашата болка не треба да биде причина децата и младите да бидат лишени од празничната радост. За нас, родителите, празниците никогаш повеќе нема да бидат исти. На нашите трпези засекогаш ќе недостигаат нашите деца. Но, не сакаме целиот град да живее во тага. Животот мора да продолжи, особено за младите генерации. Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, туку град во кој никогаш повеќе нема да згасне млад живот – соопштија родителите по средбата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email