Градоначалникот на Општина Кочани Влатко Грозданов одржа работна средба со претставници на Скопска пивара и Супорт Кочани, на која се разговараше за претстојната реконструкција на кошаркарското и на фудбалското игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Планираните активности опфаќаат обновување на оградата – заштитната мрежа и постојната метална конструкција, монтажа на нови голови и рефлектори, како и санација на трибините, со цел да се подобрат условите за спорт и рекреација на корисниците овие спортски терени.
Средствата за реконструкција ги донира Скопска пивара, преку Супорт Кочани.
Поправката на подните подлоги на двете игралишта ќе се врши со средства од Министерството за спорт и млади.