ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Oбука за деловен интегритет: Зајакнување на антикорупциските капацитети на малите и на средните претпријатија

Oбука за деловен интегритет: Зајакнување на антикорупциските капацитети на малите и на средните претпријатија

На 19 ноември во Кочани се одржа специјализирана обука за деловен интегритет под наслов „Воведување на деловен интегритет: Корупциски ризици, антикорупциски службеник и етичка рамка“. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Business with Integrity“ и 3C Consulting, со кофинансирање од Европската Унија и Фондацијата Конрад Аденауер.

Обуката е наменета за претставниците на малите и на средните претпријатија и има цел да ја подигне свесноста за корупциските ризици, да се воспостават етички стандарди и практично зајакнување на деловниот интегритет во локалниот бизнис-сектор.

Во воведното обраќање, градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов, ја истакна клучната улога на локалната самоуправа и на приватниот сектор во градењето транспарентно општество.

– Општина Кочани ги поддржува сите иницијативи што водат кон повисоки етички стандарди и конструктивна соработка меѓу локалните власти, бизнис-заедницата и експертите. Само со заеднички сили и подготвеност за промени можеме да создадеме деловна клима заснована на доверба и чесност – истакна градоначалникот Грозданов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email