Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето

Со концерт на пензионерски фолклорни состави, пејачки и играорни групи од Македонија и Србија, Здружението на пензионери – Кочани ја одбележа 54-годишнината од основањето. Пред присутните гости, во полната сала на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, за улогата и општествениот придонес на пензионерите говореше претседателката на Здружението на пензионери – Кочани, Јелица Зафирова, […]
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“

На 12 ноември, во амфитеатарот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа стручна работилница под наслов „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“. Настанот е дел од активностите на европскиот проект AgriExcel – „Забрзување на еволуцијата на земјоделската технологија во земјоделско-прехранбениот систем на ЕУ“ финансиран од програмата Interreg Europe, во кој Општина Кочани учествува како проектен […]
Градоначалникот Грозданов упати сочувство до амбасадите на Бугарија и на Полска во Македонија

По трагичната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Тракија“ во југоисточна Бугарија, како и по неодамнешната несреќа во Краков, Полска, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, упати изрази на најдлабоко сочувство до амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Желјазко Радуков, и до амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора. – Во овие моменти на […]
На 12 ноември 2026 година Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 21. седница

На 12 ноември 2026 година, (четврток), со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 21. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година во делот на малолетничката деликвенција Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за […]
Ученици од четврто одделение во посета на Општина Кочани

Ученици од четврто одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, денеска ја посетија Општина Кочани, каде што остварија средба со градоначалникот Владко Грозданов. Во непосредната средба, градоначалникот ги запозна со начинот на функционирање на Општината, нејзините надлежности и услугите што ги обезбедува за граѓаните. Учениците се интересираа и за начинот на комуникација меѓу локалната самоуправа […]
Седници на Советот за развој на ИПР и на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад

На 2 ноември во Општина Чешиново-Облешево, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот Плански Регион ја одржа својата втора седница под претседателство на градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На седницата беа презентирани Нацрт-регионалниот план за управување со отпад од компанијата „Енвироплан“, како и информацијата за затворање на дивите депонии во регионот. Воедно, се разгледуваше […]
Дониран елаборат за монтажно-демонтажни јавни паркинзи во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателот на Здружението на граѓани за хуманитарни активности „Лазарус хуманитарна организација Македонија“ – Ред на Свети Лазарус од Скопје, Ѓоко Динев, потпишаа договор за донација на елаборат за поставување урбана опрема – монтажно-демонтажни јавни паркинзи во Кочани. Донацијата претставува придонес кон напорите за подобрување на условите за паркирање […]
Амбасадорот на Грција Јанис Малукос во посета на Општина Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Јанис Малукос, кој беше придружуван од заменик-амбасадорката Кристина Василату. На средбата, градоначалникот Грозданов ја истакна досегашната добра соработка и изрази благодарност за поддршката што грчката страна ја даде во посттрауматскиот период, во насока на помош и поддршка на […]
„Денови на медот“, по 29. пат во Кочани

На 24 и 25 октомври во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа традиционалната манифестација „Денови на медот“, која по 29. пат ги обедини пчеларите и љубителите на медот и пчелните производи. Во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани, своите производи ги претставија излагачи од Пробиштип, Велес, Кавадарци, Кочани и други места во земјата. […]
18 километри трчање низ Осоговијата со „Гратче треил“

Над 140 љубители на планинското трчање од Македонија и од странство учествуваа на овогодишната трка „Гратче треил“, во организација на Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани, што се реализира под покровителство на Општина Кочани. Патеката долга 18 километри, по ридско-планински терен со висинска разлика од над 750 метри, беше предизвик за издржливоста и […]