В среда, на 27 февруари од 10:30 до 13:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани, Делегацијата на Европската Унија организира работилница за финансиска поддршка што ја овозможува ЕУ.
Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка, ќе ги претстави можностите за финансирање што ги нуди Европската Унија и начините за нивно користење.
Работилницата предвидува и работа во групи. Заинтересираните за учество можат да се пријават онлајн на телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 88888.
Бројот на учесници на работилницата е ограничен.