Во вторник, на 27 ноември 2018 г. со почеток во 18 ч. во Салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи јавна расправа по нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2019 година.
Заради транспарентност и што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година, Општина Кочани ги повикува граѓаните и претставниците на урбаните и месните заедници да се вклучат во дебатата по актуелни прашања и потреби од јавен интерес од локално значење.
На расправата ќе бидат отворени прашања и за јавниот паркинг, катна гаража, за парковско и плоштадско решение, како и за дислокација на Градскиот пазар.