Општина Кочани преку Одделението за јавни дејности, в петок, на 23 ноември 2018 г. со почеток во 18 ч. организира јавна расправа по предлогот на општинската Програма за спорт за 2019 година.
Заради поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Општина Кочани ги повикува претставниците на спортските здруженија и клубови од Кочани да учествуваат во расправата за креирање на Програмата за спорт за идната година и за критериумите за распределба на средствата.
Настанот ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Кочани.