Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/06 и 2/012), ја свикувам 18. седница на Советот на Општина Кочани за 14.11.2018 година (среда), со почеток во 9:00 часот во Салата на Советот на Општина Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2018 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2018 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2018 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2018 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за јавна чистота на Општина Кочани за 2018 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило,набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2018 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина Кочани за 2018 година
- Правилник за уредување на поблиските услови и начинот на одобрување на еднократна парична помош за лекување на тешко болни лица, жители на општина Кочани кои се нашле во положба на социјален ризик
- Предлог-одлука за изменувавње на одлука за утврдување критериуми за распределба на блок-дотациите на општинските основни и средни училишта
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2018 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој 2018 – 2020 година
- Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период од 2019-2021 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година (ребаланс)
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2019 година
- Предлог-програма за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2019 година
- Решение за запирање на објавувањето на Решението за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани, Бр. 09-2302/1 од 29.10.2018 година, донесено на седницата на Советот на Општина Кочани одржана на ден 29.10.2018 година
- Предлог-одлука за избор на член на Советот на Општина Кочани кој ќе одлучува во случаи кога Градоначалникот на Општина Кочани треба да учествува во процес на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес
- Предлог-одлука за поништување на Одлуката за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.2/1 КО Јастребник
Претседател
на Советот на Општина Кочани,
Томе Солевски