![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/10/NikolcoIlijevopstinakocani.jpg)
Од мое лично име и од името на Општина Кочани, на сите граѓани на Кочани и на Република Македонија им го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание.
11 Октомври е светол историски момент за ослободителна и национална борба, кој го поведе стремежот на сите претходни генерации за слобода на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!
Градоначалник на Општина Кочани,
Николчо Илијев