Претставници на „Фридрих Еберт Штифтунг“, предводени од Ева Елерајт, директорка на фондацијата во Македонија, денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
– Целта на средбата беше да се запознаеме со состојбата на Општината и заеднички да определиме области во кои ќе се унапредува соработката. Едно од полињата на соработка ќе биде културата, а најнепосредна активност ќе биде реализирана со вклучувањето во Freedom music festival, што ќе се организира на 17 и 18 август на Споменикот на слободата, со поддршка од Општина Кочани – соопштија по средбата претставниците на „Фридрих Еберт“.
Според градоначалникот Илијев се планира во иднина да се организираат заеднички културни настани во кои фокусот ќе се насочи кон учеството на младите во процесот на демократизација и на настани со кои ќе се зајакнува граѓанското општество на локално ниво и поддршката на граѓанската иницијатива.