Во рамките на проектот „Младите успеваат заедно“ поддржан од проектот за граѓанското учество на УСАИД, Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани организираше Младинска еколошка акција.
Акцијата што ја поддржаа Општина Кочани и Комуналното претпријатие „Водовод“, се реализираше на Споменикот на слободата, а во неа се вклучија 50 лица кои промовирајќи го единството помеѓу младите дадоа придонес за здравата животна околина.
Поддршка на младите во оваа активност изрази и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој ги потсети дека тие се значаен фактор во градењето на јавната свест и чувањето на животната средина чиста и здрава.