Денеска се одржа втората од предвидените три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани, на која учесниците учествуваа во дефинирањето на визијата и мисијата и на определувањето на стратешките приоритети.
Активностите беа контиуитет на претходно изработената SWOT-анализа на состојбите во осум области, меѓу кои економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата… Регистрираните силни и слаби страни, можности и закани беа доставени и на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници.
Следната сесија ќе биде завршна, по која ќе се обработуваат информациите и ќе се изработи документ што ќе биде објавен и во печатена форма. Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.