![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани-128.jpg)
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев учествува на симпозиумот на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ што се одржува во Виена од 26 февруари до 1 март.
Учеството е по покана на Програмата за урбано партнерство на Канцеларијата на Светска банка во Виена и Михаел Хепл, градоначалник и гувернер на Виена.
На симпозиумот во Виена учествуваат 150 учесници од седум земји на Југоисточна Европа и други делови на Европа и светот: градоначалници, претставници на државни институции и на канцелариите на Светска банка како и претставници на граѓанскиот сектор.
Од Република Македонија, покрај Илијев на симпозиумот учествуваат и градоначалниците на општините Струмица, Велес, Крива Паланка, Илинден и Желино.
Целта на симпозиумот е споделување на добри практики во управувањето со градовите во Европа и во светот.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани1-112.jpg)