В среда, на 24.01.2018 година, со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи шестата редовна седница. За дневен ред се прдложени следните точки:
1. Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2018/19 година;
2. Предлог- план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2018 година;
3. Давање согласност на Одлука на КЈП „Водовод“ – Кочани за промена –зголемување на цената на метар кубен геотермална вода.
4. Информација за надлежностите и функционирањето на Системот за управување со кризи, улогата и надлежностите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), со посебен осврт на местото и улогата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Кочани), како и комуникацијата, координацијата и соработката помеѓу РЦУК и Општина Кочани;
5. Предлог-одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочаниод од сите ризици и опасности;
6. Барање согласност за отворање три нови воспитни групи во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани;
7. Информација за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од Градскиот водовод и другите водоснабдителни објекти во општината;
8. Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2017 година со програми за работа за 2018 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани;
9. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2017 година IV квартал;
10. Извештај за извршен попис на Општина Кочани – 2017 година;
11. Предлог-одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар на Општина Кочани;
12. План за јавни набавки на Општина Кочани за 2018 година;
13. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година;
14. Предлог-одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани;
15. Ценовник за определување на висината на цените за услугите што ги дава Територијалната противпожарна единица – Кочани;
16. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани;
17. Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и на земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2018 година;
18. Предлог-одлука за отпочнување постапка за измена на грбот и знамето на Општина Кочани;
19. Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Кочани;
20. Предлог-одлука за давање на користење без надоместок на објектот училишна зграда во с. Полаки, сопственост на општина Кочани на Здружението на граѓани Извиднички одред „Ластовица“ – Кочани;
21. Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари – сопственост на општина Кочани;
22. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.16759/1, КО Кочани и за КП бр.3410, КО Бели;
23. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за делегирање на вршење на работите на одржување и давање на користење на Спортската сала во Кочани;
24. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани;
25. Предлог-правилник за уредување на начинот и условите на доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани;
26. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани;
27. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управен одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
Седницата ќе се одржи во Салата на Советот.