Дваесет и двајца кандидати, студенти од јавните високообразовни установи во Република Македонија ги исполнија условите и ќе добиваат општински стипендии за студиската 2017/18 година.
Според Комисијата за доделување стипендии, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум неприфатливи. Четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии.
Против одлуката може да се поднесе приговор во рок од пет дена од денот на добивањето на одлуката.
Месечниот износ на општинската стипендија е 2.500 денари, за десет месеци во годината.
Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст.
Листата на кандидатите е на следниот линк: