Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Полициската станица и основните училишта од Кочани, ученици од шест основни училишта од Кочани и Чешиново-Облешево учествуваа на Меѓуопштинскиот натпревар „Детски семафор“.
Учесниците се натпреваруваа во теоретски и практичен дел, по што најмногу – 483 поени освои ОУ „Малина Попиванова“. Втората позиција ја зазеде ОУ „Раде Кратовче“, а третата – ОУ „Никола Карев“.
На Регионалниот натпревар што ќе се одржи на 10 мај во Пробиштип ќе учествуваат учениците: Борис Стоилков („Никола Карев“) и Маја Василова („Св. Кирил и Методиј“) од големата група и Павел Георгиевски („Малина Попиванова“), Вероника Крстова („Малина Попиванова“), Дамјан Велков („Малина Попиванова“) и Ангела Василкова („Раде Кратовче“) од малата група.
Наградите за победниците и учесниците ги обезбеди Општина Кочани.