Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на ИПА проектот: “Изработка на проектни студии (Студија за изводливост, Оцена на влијание врз животната средина, Анализа на трошоци и добивки) и проектна документација за воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ реф. бр. EuropeAid/136070/IH/SER/MK, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ и истата е достапна за увид .
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ ке се одржат на
– 6 јуни 2017 година (вторник), во Голема Сала на Општина Свети Николе во Свети Николе со почеток во 11.00 часот.
– 9 јуни 2017 година (петок), во Сала на совет на општина Кочени во Кочани со почеток во 11.30 часот.
– 12 јуни 2017 година (понеделник), во салата “Бизнис Инкубатор“ во Берово со почеток во 12.00 часот.
– 15 јуни 2017 година (четврток), во сала на совет на општина Куманово, поранешен комитет 1 спрат во Куманово со почеток во 11.00 часот.
Контакт лица:
Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат
Билјана Петкоска – Сектор за животна средина
е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk
Иванова Јадранка – Сектор за ЕУ
е-маил: j.ivanova@moepp.gov.mk
Ѓорѓи Велески – Сектор за ЕУ
е-маил: g.veleski@moepp.gov.mk