Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се обајвува јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови од страна на заинтересирани физички и правни лица.
Јавниот повик ќе трае 35 дена , односно во перидот од 6.02.2017г. до 12.03.2017г.
Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување на детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистики план вон населено место, преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма.
Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.
ОПШТИНА КОЧАНИ
Бр.22-273/2 ГРАДОНАЧАЛНИК,
01.02.2017год. Ратко Димитровски
Кочани