ЈАВНА АНКЕТА по
Локална урбанистичко- планска документација за изградба на пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци ОПШТИНА КОЧАНИ трае 5 работни дена , а ќе се одржи во периодот од 6.12.2016 год. до 12.12.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог на локалната урбанистичко-планска документација ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk и во месната заедница во село Мојанци, а подетални информации во врска со локалната урбанистичко – планска документација ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.
Изработил/МСЈ
ОПШТИНА КОЧАНИ
Бр.22-1410/35 По овластување на Градоначалникот 25.11.2016 год. Бр.08- 2193/2 од 31.10.2014 год.
Кочани Раководител на сектор
Зоран Манасиев