Во градот Кочани се определуваат следните места за истакнување на изборни плакати
1.Оградниот зид на ул.4-та Македонска бригада „
2.Оградниот зид на ул.„29 -ти Ноември“ на потегот,што води кон село Оризари.
3.Потпорниот зид пред зградите на ул.29-ти Ноември што се наога спроти Бензинската пумпа.
4.Рекламните паноа што се разместени ,по градот а се наогаат на следните места во центарот на градот ,кај хотел Центар,во„ Стришани„ кај пазарчето и кај автобуска станица.
Во селата во општина Кочани ,како места за истакнување на изборни плакати се определуват вообичаените места каде се истакнуват соопштенија и други известувања за граганите од соодветното место.
Изборни плакати може да се истакнуваат и на стамбени или други стамбени објекти со претходна согласност од сопственикот .
Член 2
На местата за истакнување на изборни плакати определни во член 1 став 1 и 2 од оваа одлука изборните плакати се истакнуваат без надоместок.
Член 3
Изборни плакати исто така можат да се истакнуваат и на рекламните паноа -билборди што се поставени во градот Кочани на улиците Кеј на Револуцијата,Маршал Тито и на излазот на градот ,на начин и под услови што ке ги определат корисниците на билбордите.
Член 4
Право за користење на местата за истакнување на изборните плакати на местата определени во членот 1 став 1 и 2 на овааа одлука се добива под следните услови
– Организаторот на изборна кампања да има потврдено Листи на кандидати за избор на претседтел на републиката,пратеници,членови на совет и за Градоначалник , од надлежната изборна комисија.
– Организаторите на иборна кампања од став 1 алинеа 1 од овој член да поднесат барање до Градоначалникот на општина Кочани најдоцна 3(три) дена пред законскиот рок (дваесет дена пред денот на одржување на изборите) .
– Редоследот на истакнување на изборните плакати на организаторите на изборната кампања ке биде определен по пат ждрепка што ке ја спроведе општинската администрациаја.
Член 5
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ке се објави во „Службен гласник на општина Кочани“.
Бр. 07-1058/1
09.06.2006 година
Кочани
Претседател
на Советот на општина Кочани,
Георги Петров
Забелешка:
1. Улицата „29-ти Ноември“ со Одлука на Советот на Општина Кочани е преименувана во ул.„Тодосија Паунов“.
2. Улицата „Маршал Тито“ со Одлука на Советот на Општина Кочани е преименувана во ул.„ВМРО“.