За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.750 (дваесет и седум милиони, седумстотинишеесет и две илјади и седумстотини и педесет) денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.

Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развоj.

Краен рок

01.08.2016

Подобност

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (што не се постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Постапка при оценување и селекција

Оцената на проектите се состои од неколку чекори:

1. административна проверка на предлог проектите (дали предлог проектот е комплетен и во согласност со условите наведени во јавниот повик);

2. прва оцена на предлог проектот (претселекција);

3. детаљно разгледување и оценување на проектната документација (само за претселектираните предлог проекти);

4. опционално: презентација на проектите (pitching)

5. одлука за финансирање.

Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:

1. Степен на иновативност

2. Квалитет на проектот

3. Капацитет на проектниот тим

4. Пазарен потенцијал

5. Влијание

Начин на пријавување

Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог проекти во печатена верзија во архивата на Фондот и електронски, преку системот на Фондот http://mis.fitr.mk. За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:

1. Проектна документација:

– Проектна апликација;

– Буџет на проектот;

– Финансиска проекција;

– Изјава на подносителот на предлог проектот (за прифаќање на условите на Фондот); и

– Прашалник за животната средина.

2. Документација поврзана со апликантот:

– Кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица);

– Извод од тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, не постар од 6 месеци;

– Финансиски извештаи за претходната година издадени од Централниот регистар на Република Македонија, освен за новоосновано претпријатие;

– Финансиски извештаи за претходната и за тековната година, освен за новоосновано претпријатие.

Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.

Пред пополнување на апликацијата, Ве молиме внимателно прочитајте го целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите, и упатството за апликантот достапно на нашата веб страна http://mis.fitr.mk/ApplicantsManual_MK.pdf

Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат

– во печатена верзија во архивата на Фондот на адреса:

Бул. Гоце Делчев бб

зграда на МРТ, 20-ти кат

1000 Скопје

Достава до 16:00 часот 26.07.2016 година

– во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk.

Достава до 00:00 часот 01.08.2016 година

За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин (во печатена и електронска верзија) и во дадениот рок.