Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи да се пријават за учество на турнирот.
Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 3 000 денари, да достават име на клубот и список од десет играчи со броеви на личните карти.
Пријавените играчи да имаат наполнето 16 години.
Пријавувањето е до 1 јули, во Едношалтерската канцеларија – Општина Кочани.
Ждрепката е на 4 јули во 11 ч. во салата на Советот на Општината (Венчалната сала).
Информации на: 033 274 001, локал 116 и 076 376 736