Општина Кошани ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Ко-модерирање на форумските сесии односно помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
Раководење и координирање со Оперативната група;
Регрутација на учесници на форумот;
Организирање форумски сесии и нивна техничка подготовка (сала, постери, опрема);
Организирање состаноци помеѓу форумските сесии;
Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.) и нивно доставување до општинскиот координатор;
Подготовка на месечни извештаи;
Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ и SDC.
Квалификации и искуство:
универзитетско образование
активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point)
познавање на процесот на децентрализација
искуство во работа со невладини организации
да е жител на општината
искуство во јавни настапи, фасилитација, координација и известување
наклонетост кон тимска работа
одлични комуникациски и презентациски вештини
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 17.06.2016 год, на следната адреса:
ул.Раде Кратовче бр. 1, 2300 Кочани
или на електронска пошта: elena.dimitrovska@kocani.gov.mk