Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Прибачево КО Прибачево Општина Кочани предлог план плански период 2016-2026, Тех.бр. 0801/1016/15 од март 2016г., изработен од Друштво за производство,услуги и промет „ БИЛД “ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 25,94 ха. Местоположбата на планскиот опфат е граница на село Прибачево, односно:на северсеверозапад започнува од локалниот пат Кочани-Прибачево и се движи по северозападната граница на КП 1254/2, 1238 1239, 1240, 1241, 1242/2, 1242/1, се движи на север по западната граница на КП 1234 и врти кон запад по северозападната граница на КП 1233 се до КП 1232, врти кон југ по граница на КП 1233 и КП 1218 до КП 1219/1, врти кон запад по северозападната граница на КП 1219/1 и продолжува на југ по граница на КП 1219/1 до северозападната граница на КП 1222, продолжува према запад по северозападната граница на КП 1222 и КП 1223 и продолжува на југ по западната граница на КП 1223 , се движи према запад по северната граница на КП 1464, продолжува по јужната граница на КП 673 и 672 до КП 1167. На запад границата се движи по западната граница на КП 1167, 1175, 1176, 1180/1, 1181, 1439, ја сече улица Маршал Тито, врти кон исток по северната граница на КП 1466 и 1002 и продолжува на југ по истата парцела до КП 1420. На југ границата се движи по јужната граница на КП 1420, 1413, 1411, 1409, 1407, 1406, 1404, 1394, 1385, 1384, 1383/3. На исток границата се движи по источната граница на КП 1383/3, 1383/1, 1383/2, 1379, 1378, 1465, врти на исток и се движи по северната граница на КП 518, 517, 515, 513, 512, 511, 510, 509, врти кон југ по источната граница на КП 508, продолжува кон исток по јужната граница на КП 482и врти према север по западната граница на КП 479/1, врти према исток по јужната граница на КП 479/3, и продолжува према север по источната граница на КП 479/3 и КП 479/2, врти према запад по граница на 480/1 и 480/2, се до пристапен пат односно северната граница на КП 487, врти кон југ по западната и јужната граница на КП 487, се движи по граница на КП 483, и продолжува во правец запад по јужната граница на КП 484, 507, 506, 504/2, 504/1, 503, 502/2, 502/1, , врти према север по западната граница на КП 502/1, КП 501, КП 500, КП 1162-пристапен пат, КП 176, КП 174 и КП 172, се до КП 1256/1 каде се спојува со почетната точка. Во планскиот опфат влегуваат следните улици: ул. „ Михајло Арсов“, ул.„Сребрен Димитров“, ул. „ Гоце Делчев“, ул. „ Маршал Тито“, ул. „Григор прличев“, ул. „ 1 “, ул. „ 2 “, ул.„3“, ул.„4“, ул.„5“, ул. „6“, ул. „7“, ул.„8“ и ул. „9“.

Јавна презентација по Урбанистички план за село Прибачево КО Прибачево Општина Кочани предлог план плански период 2016-2026,

ќе се одржи на ден 15.04.2016 г. (петок) со почеток во 11 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по

Урбанистички план за село Прибачево КО Прибачево Општина Кочани предлог план плански период 2016-2026,

трае 5 работни дена , а ќе се одржи во периодот од 12.04.2016 год. до 19.04.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, во месната заедница/продавницата во село Прибачево и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.

Графичкиот прилог на Предлог планот ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , и во месната заедница/продавницата во село Прибачево, а подетални информации во врска со предлог планот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.