Врз основа на член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти , како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.Весник на РМ бр. 147/08) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното И З В Е С Т У В А Њ Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање на јавна расправа по

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Локална урбанистичко-планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 210, КП 211/1, КП 211/2 и КП 212 КО Пашаџиково, Општина Кочани

Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Кочани дека

Ј А В Н А Р А С П Р А В А

по

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за

Локална урбанистичко-планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 210, КП 211/1, КП 211/2 и КП 212 КО Пашаџиково,

Општина Кочани

ќе се одржи на ден 20.04.2016 г. (вторник) со почеток во 11,30 часот, во просториите на Општина Кочани, во салата на Советот на Општина Кочани.

Извештајот за стратегиска оцена ќе биде ставен на јавен увид на заинтересираната јавност на веб страната на Општина Кочани www.kocani.gov.mk, во периодот од 04.04.2016г. до 05.05.2016г., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина , на ул. Раде Кратовче бр. 1, секој работен ден од 12.00 до 15.00 часот.

Општина Кочани ја информира заинтересираната јавност дека во текот на 30 дена , од денот на објавувањето на споменатите документи, може да доставува мислења по истите, по електронски пат на маил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта , или преку архивата на Општина Кочани.