Петнаесетте детски игралишта со кои стопанисува Општина Кочани се подготвени за новата сезона.
Пред почетокот на пролетта, службите работеа на поправање на оштетувањата на детските реквизити и на придружната опрема во игралиштата.
– Ги поправивме скршените клацкалки, искинатите синџири на лулашките, ја обновивме бојата и песочната подлога кај детските игралишта. Апелирaме за совесно однесување на граѓаните кон комуналната и урбаната опрема насекаде во градот. За соработка ги повикуваме граѓаните коишто ќе бидат сведоци на вандалско однесување кон јавното добро, случаите да ги пријават во Општина Кочани – изјави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.