Бирото за рамномерен регионален развој ќе поддржи реализација на два проекти во Кочани. Тоа се изградбата на спомен-обележјето на Никола Карев во месноста Свиланово и изградба на патот кон селото Јастребник, од Мала Река до Влашка Орница.
Одлуката за поддршка на овие проекти е донесена вчера, на седницата на Советот за рамномерен регионален развој, чиј член е и градоначалникот Ратко Димитровски, како претседател на Источниот плански регион.
За спомен-обележјето на Карев, како регионален проект со општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, ќе се наменат околу 5 милиони и 700 илјади денари, а 2 милиона за изградбата на најкритичниот дел од патот кон Јастребник.
Реализацијата на проектите ќе се спроведува преку Општина Кочани, во текот на оваа година.