Во рамките на завршната работилница за постигнатите резултати од Програмата за зачувување на природата, што се одржа на 16 декември во Пехчево, претставници на Амбасадата на Швајцарија, Источниот плански регион и од министерствата за земјоделство и за животна средина беше реализирана посета на проектот Туристичкиот информативен центар на Пониква.
Со приближно 3 милиона и 300 илјади денари од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) извршена е реконструкција на зграда на Пониква, којашто е прилагодена во информативен пункт на Пониква. Според информациите од Центарот за развој на Источниот плански регион, објектот се состои од сала за состаноци и работилници, изложбен дел за информативно-туристички материјали, канцеларија и две помали простории. Инсталирано е подно затоплување на пелети.
Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот, за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, како и за Источниот Регион. Исто така центарот ќе има за цел да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на различни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туризмот во Кочанско.