Во организација на Библиотеката „Искра“ во Кочани беше отворен XI Саем на книгата, кој традиционално се организира во рамките на манифестацијата Месец на книгата.
Саемот го отвори претседателот на Советот на Општина Кочани, Јордан Димитров, кој го истакна значењето на книгата и нејзината предност во печатена наспрема електронска форма.
– Оваа година на Саемот се претставуваат 14 издавачки куќи од Македонија кои по намалени цени и до 50 % нудат најнови и жанровски различни изданија. На кочанската публика ѝ се нудат 1 340 наслови во 4 010 примероци. Очекуваме до сабота, 12 ноември нашите сограѓани да се снабдат со омилената или потребната литература – изјави Мара Атанасова од Јавната општинска установа „Искра“.
На отворањето на Саемот беше промовирано творештвото на авторот Ниче Димовски