Од мое лично име и од името на Општина Кочани до сите верници од муслиманска вероисповед упатувам искрени честитки по повод верскиот празник Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, спокој и среќа.
Овој верски празник нека биде мотив да живееме во меѓучовечко разбирање, почитување и хармонија и заеднички да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани.
Испраќајќи Ви најискрени честитки, посакувам празничните денови да бидат исполнети со љубов, радост и духовен мир.
Ратко Димитровски,
градоначалник на Општина Кочани