Во согласност со Спогодбата за соработка потпишана помеѓу Општина Кочани и Здружение на пензионери на општина Кочани на ден 08.10.2009 година, а врз основа на чл.3 од Договор за изградба на Дом за сместување на стари лица (Пензионерски дом) во Кочани бр.08-655/1 од 6.03.2013 година,Општина Кочани и Здружението на пензионери на општина Кочани објавуват
Оглас за пријава на интерес за реализација на проект за Дом за стари и изнемоштени лица – Пензионерски дом во Кочани
1.Општина Кочани со адреса на ул.„Раде Кратовче“ бр.1 во Кочани, тел. +389(0)33/274-001, факс. +389(0)33/273-542, веб страна www.kocani.gov.mk, е-маил info@kocani.gov.mk и Здружението на пензионери на општина Кочани распишуваат Оглас за пријава на интерес за реализација на проект Дом за стари и изнемоштени лица -Пензионерски дом во Кочани на градежна парцела бр.1.77 во кругот на поранешната касарна во Кочани на слободен неизграден терен во пад, врз основа на податоци од изработен основен Проект и тоа:

1.1. Предвидени содржини и корисна нето површина:

Опис на просториите Корисна нето површина (м2)

Приземје

Влезен хол и комуникации 100.09

Рецепција 20,15

Продавница 26,39

Кафетерија 41,98

Ресторан 349.33

Кујна со економски влез и

помошни простории 158.4

Санитарии за ресторан и

за лица со посебни потреби 25.86

Простории за медицински

персонал со аптека 112,08

Администрација 69,8

Скали и лифтови 35.26

Вкупна нето површина на приземје 968.53

I – III кат

Еднокреветни соби со бања- 12 бр 324.54

Двокреветни соби со бања – 66 бр 1696.35

Апартмани 6 бр 266.4

Простории за дневен престој 200.46

Комуникации и лифтови 864.57

Вкупна нето површина на I – III кат 3352.23

Простории во кров

Простории за слободни активности 202.53

Комуникации и лифтови 247.18

Санитарни јазли 13.94

Простории за опрема на

фотоволтажна централа 24,78

Вкупна нето површина во кров 480.13

Отворени кровни тераси 219.12

Вкупна нето површина на

простории во кров 699.25

Подрум на кота- 288

Паркинг во подрум 490.75

Магацин за кујна 20,15

Перална 62.15

Гардероби и санитарии за вработени 21,79

Топлотна потстаница 55.51

Работилница за градинарство 34,22

Комуникации и лифтови 98.72

Магацин за инвентар 28.57

Мртвачница 24.34

Вкупна нето површина на Подрум

на кота -288 899.06

Подрум на кота -570

Паркинг во подрум 761.55

Магацин за инвентар 58,58

Мртвачница 14,54

Комуникации и лифт 41.1

Остава 6.77

Машинска куќичка за хидраулика

за лифтови 4.75

Вкупна нето површина на Подрум на

кота-570 814.17

Вкупно м2 6733.24

2. Локација за изградба на дом за стари и изнемоштени лица-Пензионерски дом во Кочани: КО Кочани, КП 11072/11, 11072/1, Имотен лист 16215 и 15859, ГП бр.1.77, 4649м2 согласно Измена и дополна на ДУП Магацинска група „Шатровиќ“ гарнизон Кочани Општина Кочани со Одлука на Совет на Општина Кочани бр.07-2646/1 од 26.12.2014 г., Технички број на ДУП 375/13.

За објектот кој треба да се изгради – Дом за стари и изнемоштени лица-Пензионерски дом во Кочани изработени се следниве проекти:

Технички број на ДУП 375/13

– Основен проект А (Архитектонски проект) тех.број 11-0707/2014, со сите фази:

-Градежно конструктивен проект Г1 – Книга 1(Статичка пресметка и детали на челична конструкција)

– Градежно конструктивен проект Г2- Книга 2 (Арматурни детали-ламела 1)

– Градежно конструктивен проект Г3- Книга 3 (Арматурни детали-ламела 2)

-Електротехнички проект Е

-Проект за водовод и канализација ВК

-Термотехнички инсталации Т1- Книга 1 – текстуален дел

-Термотехнички инсталации Т2- Графички дел

-Елаборат за заштита од пожар, експлозии и опасни материи

Ревизија на Основен проект бр.0304-151/14

 Секое заинтересирано лице може да изврши увид на проектите во просториите на Општина Кочани, секој работен ден , по претходна најава кај лицето за контакт.

3. Времетраење на објавата: до 30.11.2015 година до 16:00 часот.

4. Краен рок за поднесување на пријавите на интерес: 30.11.2015 година до 16:00 часот.

Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица можат да го пријават својот интерес во архивата на Општина Кочани со поднесување на пријава во затворен коверт адресиран на следниот начин:

До

Општина Кочани

Ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани, 2300

Поднесување на Пријава за интерес за

реализација на проект за

Дом за стари и изнемоштени лица – Пензионерски дом во Кочани

Подносителот на Пријавата за интерес која содржи општи податоци и генералии за подносителот (име, назив, адреса, тел., факс, е-маил, http:, одговорно лице,) треба да даде свои предлози, мислења и идеи и да предложи можен начин за реализација на проект Дом за стари и изнемоштени лица – Пензионерски дом во Кочани, особено во делот на изградба и стопанисување.

Овој Оглас има за цел информирање на пошироката јавност, на сите заинтересирани домашни и меѓународни инвеститори од повеќе области, да го пријават својот интерес и да предложат свои идеи, предлози, услови и сугестии во врска со начинот на изградба, отворање и стопанисување со дом за стари и изнемоштени лица (пензионерски дом) во Кочани како на пример преку јавно приватно парнетрство, концесија, продажба на градежното земјиште, давање под долготраен закуп, можно субвенционирање, начин на функционирање, начин на управување и стопанисување и т.н.

5. Лицe за контакт: Ристо Николовски, rnikolovski@kocani.gov.mk, тел.072-275-640.