Врз основа на член 17 од Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта ,Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на ученичките екскурзии при ОУ„Никола Карев“-Кочани,објавува
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИИ
Во согласност со Годишната програма за работа на ОУ„Никола Карев“-Кочани, за учебната 2015/2016 година, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на ученичките екскурзии и други слободни ученички активности објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на:
1.- еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение:
Кочани –Дојран –Кочани (превоз со ручек во с.Колешино во ресторан „Сонце„. Тргнување во 7:30 часот од автобуската станица – Кочани –автобуски превоз (Вељуса – Манастир „Успение на Пресвета Богородица –Елеуса“, Водоча – Манастир „Св.Леонтиј“, Струмица –Колешински и Смоларски водопади, Дојран – Дојранско езеро и Кочани.)
2- дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение:
Прв ден: тргнување во 07:00 часот пред училиштето, попатно разгледување на градовите Пробиштип, Кратово и Крива Паланка – Јоаким Осоговски, Куманово-Осерваторија Кокино, Скопје- сместување во хотел „Вип“ и вечера. Втор ден: појадок во хотелот и ланч пакет посета на Кањон Матка разгледување на знамнитостите на град Скопје, посета на аеродромот Александар Велики–Пристигнување во Кочани во 19:30 часот.
3- три дневна екскурзија за учениците од деветто одделение
Прв ден:Тргнување во 07:30 часот од училишниот двор, Прилеп, Крушево, Битола ручек во ресторан „Император“, Охрид сместување и вечера во хотел Амбасадор или хотел Бетон.
Втор ден: Разгледување на знаменитости во Охрид –Манастир „Св.Наум Охридски“, Самоилова тврдина, Плаошник и вечера во хотелот.
Трет ден: Вевчани, Дебар, Скопје и пристигнување во Кочани во 20:00 часот.
– Реализација на дводневната и три дневната екскурзија ќе биде во месец Октомври 2015 година, додека еднодневната екскурзија ќе се реализира во месец мај.
Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност)треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик ,условите за сместување, ,и превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејств
Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.
Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.
Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.
Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
– да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност:
– има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години:
– ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца
Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива.
Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до ОУ„Никола Карев“-Кочани ул, „Никола Карев“ бр, 17 Кочани со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.За подетални информации понудувачите можат да се обратат на телефон 076-369-747 Марија Зикова
Комисија за прибирање на писмени понуди
Претседател
________________________
(Марина Глигорова)