Договорниот орган – Општина Кочани, објавува Конкурс за
Изработка на идејно – архитектонско решение на коритото на кочанска река во централното градско подрачје во Кочани
Краен рок за поднесување на идејните решенија е: 15.01.2016 год. до 14.00 часот.
Трите најуспешни идејни решенија што ќе бидат избрани од Жири комисијата избрана од Градоначалникот на општина Кочани ќе бидат наградени , и тоа:
– прва награда ……………62.000,00 денари ;
– втора награда…………..37.000,00 денари ;
– трета награда…………..25.000,00 денари .
Заинтересираните кандидати Документација за конкурсот можат да ја подигнат директно од просториите на Општина Кочани, од лицето за контакт Силвана Благонова – Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки , тел.072-275-637 , mail: sblagonova@kocani.gov.mk, или по претходно доставено писмено барање од заинтересираниот кандидат / по маил или по пошта/ до истото лице.
Документација за конкурсот е бесплатна и се дава во хартиена верзија и на ЦД.