Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа, Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници и здруженијата на граѓани со сопствени идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2016 година.

П О В И К

Програмите и проектите во електронска форма можат да ги достават преку веб-страницата на Општина Кочани, а во пишана форма до Едношалтерската канцеларија,

најдоцна до 25 октомври 2015 година.

Вклучени во креирањето на буџетот, го поддржуваме партиципативниот развој на локалната заедница!

www.kocani.gov.mk