ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТОТ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДРЖАВЕН ПАТ А3, ДЕЛНИЦА ПРЕВАЛЕЦ (КОЧАНИ) – ДЕЛЧЕВО”

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на државен пат A3, делница: Превалец (Кочани) – Делчево”, во должина од околу 30, 5 км.

Финансирањето на овој проект се планира да се да се обезбеди со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Делчево, како и на нивните интернет страници: www.delcevo.gov.mk и www.roads.org.mk .

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

Општинa Делчево на 07.10.2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на фоајето на спомен дом АСНОМ во Делчево.

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.135

E-mail: saska@roads.org.mk

Општина Делчево

Тања Стојковска

Моб: 075367943

info@delcevo.gov.mk