Врз основа на член 24 став 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.51/2005,137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 , 53/11 , 144/2012, 55/13, 163/13 и 42/14),а согласно член а согласно член 123 ((Сл.Весник на РМ бр. 199/14 и 44/2015), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО:

1.Изменување и дополнување на блок 2 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020 , Тех.бр. 0801/190/15 од јуни 2015г. изработени од Друштво за производство,услуги и промет „ БИЛД “ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 3,73 ха со граници на плански опфат :

Од Исток: По осовина на улица “Јани Фоча”(566);

Од Север: По осовина на улица “Казанл К”(565) ;

Од Запад: По осовина на улица “Никола Димитров” (567) ;

Од Југ: По осовина на улица “Јани Фоча”(566);

2. Изменување и дополнување на дел од блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020 , Тех.бр. 0801/191/15 од август 2015г., изработен од ДПУП „ БИЛД“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 1,85 ха, и границите на планскиот опфат :

Од Исток: По осовина на улица “Новопроектирана 2”;

Од Север: По осовина на улица “Крижевска”(564) ;

Од Запад: По осовина на улица “Казанл К”(565) ;

Од Југ: По северна граница на КП 16706/1;

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

1.Изменување и дополнување на блок 2 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020

2. Изменување и дополнување на дел од блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020

ќе се одржи на ден 14.09.2015 г. (понеделник) со почеток во 1000 часот во просториите на Општина Кочани , во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по

1.Изменување и дополнување на блок 2 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020

2. Изменување и дополнување на дел од блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нацрт план 2015-2020

ќе се одржи во периодот од 10.09.2015 год. до 25.09.2015 год., во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда.

Графичкиот прилог на Предлог планот ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со предлог планот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.