Врз основа на член 24 став 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.51/2005,137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 , 53/11 , 144/2012, 55/13, 163/13 и 42/14),а согласно член а согласно член 123 ((Сл.Весник на РМ бр. 199/14 и 44/2015), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на детален урбанистички план за дел од УЕ 8, дел од блок 2, Општина Кочани нацрт план 2015-2020, Тех.бр. 0801/192/15 од јуни 2015г., изработен од Друштво за производство,услуги и промет „ БИЛД “ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 4,26 ха. Границата на планскиот опфат е следна: Од Запад: по осовина од улица “Скопска”; Од Север: по осовина на улица “Роза Петрова-2”; Од Исток: по осовина на улицата “Мородвишка Епископија” ; Од Југ: по осовина на улицата “Мородвишка Епископија”;

Јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на детален урбанистички план за дел од УЕ 8, дел од блок 2, Општина Кочани нацрт план 2015-2020

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Изменување и дополнување на детален урбанистички план

за дел од УЕ 8, дел од блок 2, Општина Кочани нацрт план 2015-2020

ќе се одржи на ден 31.07.2015 г. (петок) со почеток во 1000 часот во просториите на Општина Кочани , во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по

Изменување и дополнување на детален урбанистички план

за дел од УЕ 8, дел од блок 2, Општина Кочани нацрт план 2015-2020

ќе се одржи во периодот од 28.07.2015 год. до 12.08.2015 год., во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда.

Графичкиот прилог на Предлог планот ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со предлог планот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.