На 13 и 14 мај (петок и сабота) во периодот од 20 ч. до 3 ч. ќе се спроведе првата фаза од овогодишното прскање против комарци во Кочанско.
– Запрашувањето ќе се врши од земја, во градот Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари, на територија од околу 300 хектари. Оваа превентивна дезинсекција ќе се врши со широкопојасен инсектицид, а ќе ја изведува Центарот за јавно здравје од Битола, соопшти Гоце Серафимов од Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.
Стручните служби предупредија, граѓаните што одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.