Во согласност со членот 8 од Одлуката за наградите на општината Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ Бр.9/010), Одборот за доделување награди на општината Кочани, објавува
Јавен повик за доставување предлози за доделување награда на Општината Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и награда за животно дело
I. Општината Кочани доделува Награда на општината Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.
II.Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци,група творци,екипи,установи, трговски друштва и здруженија на грагани.
III. Наградата е во паричен износ.
Наградата на општината Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани изнесува 5(пет) просечни плати исплатени во последните три месеци во Република Македонија.
IV. Општината Кочани доделува и Nagrada на општината Кочани за животно дело.
V. Nagradata на општината Кочани за животно дело е плакета и se dodeluva во случаи на исклучителни разултати и остварувања во oblasta na naukata, inovatorstvoto, umetnosta, stopanstvoto i vo drugite dejnosti od javen interes , по претходна оценка на Одборот за доделување награди на општината Кочани.
VI. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на општината Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1.
Предлозите треба да бидат образложени.
VII. Јавниот повик трае до 30.6.2015 година.