На 30 јуни, во салата на МКЦ во Кочани се одржа повторна јавна презентација по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, Општина Кочани, плански период 2017 – 2027, предлог-план со технички број 0801-108/17 од мај 2026 г., со површина 46,43 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

од север – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“;

од исток – по западна граница на КП 1961/7, КП 1961/5, КП 1961/6, КП 1921 и КП 1918 КО Оризари;

од југ – по осовината на ул. „Новопланирана 5“ и продолжува по осовината на индустрискиот колосек;

од запад – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“.

До 7 јули 2026 год. трае рокот за повторна јавна анкета по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, до кога заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб-страницата на Општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови граѓаните треба да достават и копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од урбанистичкиот план е изложен на огласната табла во Општина Кочани, на веб-страницата на Општината: https://kocani.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1…/, а подетални информации во врска со урбанистичкиот план можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.