Општина Кочани ја заврши реконструкцијата на улицата „Бел камен“, со што значително се подобри инфраструктурата во овој дел од градот.

Во рамки на зафатот, целосно е реконструирана улицата со должина од 280 метри и ширина од 6 метри.
Изведени се асфалтни слоеви во дебелина од 7+5 см, односно вкупно 12 см нов асфалт, со што е обезбедена квалитетна и долготрајна коловозна конструкција.

Во проектот се изведени и нови тротоарски површини, поставени се нови улични рабници, како и нова атмосферска и водоводна мрежа, со што се подобрува целокупната комунална инфраструктура и безбедноста за учесниците во сообраќајот.

Дел од атмосферската канализација ќе се доработи со вградување на сливни решетки изработени од полимер-бетон, со што дополнително ќе се подобри ефикасноста на одводнувањето и заштитата на коловозната конструкција.

Дополнително, ќе се постави и вертикална сообраќајна сигнализација.

Реконструкцијата се реализира со финансиски средства во износ од 10.803.000 денари, обезбедени од Владата преку заем од Светска банка во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“, со дополнително учество на Општина Кочани во износ од 700.000 денари.