В понеделник, 22 јуни 2026 година, со почеток во 12 часот, во дворот на ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи трибина на тема „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“.
Гостин и предавач на настанот ќе биде д-р Бошко Томовски, специјалист невропсихијатар, кој со присутните ќе дискутира за внатрешната болка, психичкото здравје и човековата емоционална состојба.
Трибината ќе биде едновремено претставување на истоимената книга од д-р Томовски, која ја носи истата порака – дека душевната болка е една од најдлабоките човекови состојби и заслужува целосно внимание, разбирање и разговор.
Модератор на трибината ќе биде Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар советник.
Општина Кочани и ЈОУБ „Искра“ – Кочани, како организатори на трибината, упатуваат покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да се вклучат во разговорот посветен на менталното здравје, емпатијата и значењето на навремената поддршка.























