Време на одржување на настанот
16-17.05.2026
Пристигнување на учесниците кои сакаат да кампуваат во сабота. Обезбедено е место за камп и паркинг.
Општина Кочани го поддржува организирањето на МТБ турата „Манданата“ 2026, со цел да ги мотивира младите кон спорт, рекреација и здрав начин на живот, но и да придонесе кон развојот и промоцијата на туризмот во регионот. Преку вакви настани се промовираат природните убавини на Осоговијата, велосипедизмот и авантуристичкиот туризам, како значаен потенцијал за развој на општината.
17.05.2026
08:00 – 08:30 Пристигнување на учесниците на стартот
08:50 – 09:00 Краток брифинг околу турата, безбедноста и рутата
09:30 Старт на велосипедската тура
Котизација и пријавување за учество нема да има. За сите учесници ќе бидат обезбедени храна и пијалоци, а на пунктовите долж патеката ќе има обезбедено вода за освежување и полнење.
Патека на движењето
Почетокот на патеката е кај Манастирот „Св. Илија“ во с. Боцвенец – Крушка – Бела Река – Манастир во Небојани – Стришко – Мишино – Бела Река – Качаник – Крушка.
За време на настанот ќе има и мобилни екипи кои ќе обезбедуваат техничка и медицинска помош.
Предвидени се два пункта:
Манастир „Мала Богородица“ – Небојани
Пункт кај спомен-плочата на Манданата
Технички детали
Должина на патеката: 25 км
Вкупно времетраење: 3-5 часа (во група)
Тежина: СРЕДНА, во зависност од временските услови. Потребна е добра физичка кондиција.
Висинска разлика: 890 метри
Вкупна денивелација: 890 метри
Максимален позитивен наклон (при искачување): 16 степени
Максимален негативен наклон (при спуштање): 10 степени
ВАЖНО: ПАТЕКАТА Е КРУЖНА.