На 8 април 2026 година, (среда), во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 13. седница со следниот предлог-дневен ред:
- Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година
- Давање согласност на Одлуката за ослободување од надомест за трошоци за престој на деца во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани кои ги користат услугите за престој во установата
- Предлог-одлука за доделување финансиски средства на Доброволна планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2024 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2025 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.до 31.12.2025 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2025 година
- Иницијатива за разгледување на можностите за уредување на имотно- правниот статус на градежното земјиште под постоечки легализиран објект – ресторан, сопственост на ТДВИЛ-ЗДПТУ „АЛЕ-ДАР“ ДООЕЛ Кочани
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за донација од Евангелска црква
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на потпорен ѕид на ул. Стамен Манов крак 1 – исток“
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен Плански Регион“
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2025 година
- Информација во врска со Градскиот базен во Кочани
- Извештај за реализирање на Програмата за работа на Територијалната противпожарна Единица – Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2025 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за тековно одржување и изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година (согласно стручниот елаборат од Центарот за јавно здравје Кочани за 2025 година)
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2025 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2026 година
- Предлог-одлука за доделување финансиски средства на Федерација на училишен спорт на Македонија
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на ИКТ во 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за период од 01.01 – 31.12.2025 година
- Иницијатива од група членови на Советот на Општина Кочани
- Предлог-кандидати за членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање финансиска помош на Доброволното противпожарно друштво- Кочани.
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.























