На 13 март 2026 година, (петок), во 14 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 11. седница со следниот предлог-дневен ред:
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2025 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2025 година
- Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година
- Информација во врска со Градскиот базен во Кочани
- Предлог-одлука за доделување финансиски средства на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2024/2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година, изградена водоводна мрежа по улици за период 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата изградба за фекална и атмосферска канализација за 2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки од композитен материјал за атмосферска канализација во Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2025 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2024 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
- Предлог-план за измена за Планот на програми за развој 2026 – 2028
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од улица – крак „Генерал Апостолски“, с. Оризари –Општина Кочани“
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година
- Буџетски календар на Општина Кочани за 2027 година
- Годишна (завршна) сметка на Општина Кочани за 2025 година
- Годишен извештај на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година
- Разгледување на завршните сметки за 2025 година на општинските основни и средни училишта за 2025 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за донација – специјално возило – цистерна од Република Чешка
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација за поставување две спомен бисти на Градскиот стадион „Никола Мантов“
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за донација од Евангелска црква
- Предлог-програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за периодот 2026 – 2031 година
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.























