На 30 јануари 2026 година, (петок), во 16 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 9. седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Предлог-одлука за изведување спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“
  2. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал 2025 година
  3. Предлог-одлука за проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година
  4. Збирен извештај за извршен попис на постојаните средства, попис на ситен инвентар, попис на побарувања и обврски, како и попис на парични средства на сметките и благајната од страна на пописните комисии формирани со решение бр. 05-1675/2, бр. 05-1675/6, бр. 05-1675/4 и бр. 05-1675/2 од 28.11.2025 година
  5. Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
  6. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2025 година
  7. Предлог-планови за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2026/27 година
  8. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2026 година
  9. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани за усвојување на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во KЈП „Водовод“ – Кочани за 2026 година
  10. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надомест на движни ствари  на OОУ „Раде Кратовче“ – Кочани
  11. Предлог-решение за именување командант, началник и членови на Штабот за заштита и спасување
  12. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за  уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна парична помош  на социјално загрозени лица  и лица  кои се  нашле  во положба на социјален ризик
  13. Предлог-правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители  на општина Кочани за набавување лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани
  14. Предлог-одлука за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
  15. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани од основачот
  16. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на OОУ „Никола Карев“ – Кочани од основачот
  17. Предлог-решение за разрешување и имеување член на Училишниот одбор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани од основачот.
  18. Предлог-кандидати за членови на Управниот односно Надзорниот одбор на КЈП„Водовод“ – Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.