– 2015 година ја оценувам како мошне успешна. Бројот на вработените се зголемува, благодарение на новите инвестиции во стопанството. Последната реализирана инвестиција, турскиот погон за преработка на ориз „Левидиагро“ го потврдува интересот на инвеститорите за Кочани. Во компанијата „Амфенол“ веќе се вработени 650, во „Антура“ – 250, во „Руен инокс аутомобиле“ околу 200 вработени. Оваа година посебен печат оставија и неколку капитални проекти: изградбата на браната „Речани“ како дел од хидросистемот „Оризарска Река“; одвојувањето на фекалната од атмосферската канализација, проектот за пречистителна станица за отпадни води, асфалтирањето на десет улици – рече градоначалникот Димитровски.
Димитровски изрази надеж дека идната година ќе биде уште поуспешна и повика на соработка меѓу стопанствениците, институциите и единицата на локалната самоуправа.