В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани.

За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со вклучен ДДВ.

Улицата „563“ се наоѓа во Лесна Индустрија, а водоводниот крак што ќе се гради е со должина од 430 м.

Реализацијата на проектот ќе започне по спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач.